Интервју со г-дин Никола Димовски, директор на ИТ&T сектор во Алкалоид АД Скопје

Jim Spittle

Г-дине Димовски, како директор на ИТ&T служба во нашата најсилна компанија, Вие сте секогаш на прагот на иновациите и новостите во технологијата и нејзината примена во тековното работење. Дали може накратко да ни кажете кои се GS1 стандардите кои ги имате применето во Вашата компанија?


Како прва членка на GS1 во Македонија, Алкалоид ги применува GS1 стандардите од самиот почеток и воведување. Притоа не само во сегменти каде е обавезно означување со еднозначен баркод како на пример еднозначно означување на производ, за лекови еднозначно означување и на ниво индивидуално пакување со сериализациски GS1 баркод. Но и во други сегменти како специфично означување на збирни пакувања, означување на палета, означување на суровини и полупроизводи, означување на дел од основни средства и опрема, означување - накратко секаде каде проценуваме дека има бенефит бидејќи во голема мера ни го олеснува и забрзува секојдневното работење.


Напоменавте дека еден од сегментите во кој што Алкалоид има вложено ресурси за раст и развој е транспортот и логистиката. Дали сметате дека тоа треба да биде поука за останатите компании?


Да сeкaко, бидејќи не е невообичаено да се користат туѓи искуства, посебно во фармација каде регулативата е најстрога бидејќи се работи за здравје (впрочем и нашето мото е “Здравјето пред се”). Имајќи предвид дека Алкалоид пласира свои производи во 30-тина земји на повеќе континенти и ние се разбира користиме туѓи искуства и потоа корпоративно ги споделуваме во рамки на компанијата.


Дали според вас, ваквите вложувања се важни и дали имате информации колкав би бил периодот на повраток на инвестицијата (ROI) земајќи го во предвид Вашето искуство?


Во дел сегменти и нема процена - бидејќи она што е регулаторно мора да се имплементира, а и регулаторите како што знаете широко ги користат/наметнуваат GS1 стандардите. Но во одделни сегменти и тоа како има заштеда - од најтривијално заштита од грешка, точност, забрзување и ефикасност, еднозначност .... што на крајот се рефлектира во заштеда и поврат на ивнестицијата.


Познато е дела Алкалоид работи на голем број пазари низ светот, каков е бенефитот од користењето на GS1 стандардите?


Огромен, односно без користење GS1 стандарди не само Алкалоид но и било која компанија не може да замисли како би функционирала. Едноставно GS1 стандардите се наше секојдневие - па и при секое купување во малопродажба сведоци сме дека идентификација (и при прием, прераспоред, продажба кон крајни купувачи на каса ...) GS1 стандардите се незаменливи.


Дали може да ни откриете кои се следните чекори на кои Алкалоид ќе работи во однос на GS1 стандардите и што сметате дека ќе бидат новите предизвици општо за компаниите во нашата земја кога би се соочиле со обиди за излез на светските пазари?


Во тек е втора фаза од големиот проект кој го нарековме AlkaT&T (Alkaloid Track & Trace) за надградба на постојни производни линии и опрема за сериализација во Русија, која има дополнителни барања во однос на сериализацијата за ЕУ (што беше прва фаза). Покрај подготовка на опрема, го надградуваме и софтверското решение. Дополнително во тек е имплементација и на посебно софтверско решение за нашата компанија во Москва.