Како работи GS1 Source

GS1 Source е мрежа да податочни агрегатори кои се согласиле да користат GS1 стандарди. Податочните агрегатори собираат податоци за продукти од нивните бренд сопственици и производители, податоците ги делат меѓу себе во „облак“ и истите им ги ставаат на располагање на програмерите да ги користат при изработка на веб страници и мобилни апликации.

GDSN

  • Сопственици на брендови – ги регистрираат податоците во еден од сертифицираните GS1 Source податочни агрегатори со цел да добијат пристап до GS1 Source мрежата и можност да ги освежува навремено податоците за своите продукти.
  • Податочни агрегатори – добиваат GS1 Source сертификат за споделување на податоците со другите податочни агрегатори.
  • Апликациски програмери – се претплатуваат на GS1 Source податочен агрегатор за да добија пристап до податоците на повеќе брендови кои автоматски се ажурираат.

 

Бенефити за сопствениците на бренд

  • Зголемување на продажбата преку веб и мобилни апликации
  • Зголемена точност на податоците на интернет преку обезбедување на секогаш точни и ажурни податоци
  • Зближување со корисниците преку обезбедување на квалитетни податоци при нивната одлука да го купат или не продуктот
  • Увид во искористеноста на употребата на внесените податоци

 

Бенефити за програмерите на апликации

  • Една точка на пристап до огромна количина на податоци за продукти
  • Доверливи информации за продукти кои се ажурни и задоволни корисници кои ќе имаат пријатно искуство од користењето на апликациите
  • Автоматско усогласување со регулативите за објавување на информации за продуктите

Имате дополнителни прашања?

Ние можеме да Ви дадеме повеќе информации GS1 Source