Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Голем број на производители, превозници и логистички провајдери за пренос на производите во рамките на сопствениот домен или низ синџирот на снабдување користат колички со тркала, рачни приколки, пластични садови, палети, метални буриња и слично. Често се случува овие помошни средства да се изгубат, да не може да се лоцираат кога се потребни или да не се знае точно нивниот животен век од еден до друг сервис. Тука може да помогнат GS1 стандардите.
За да може потребната опрема да биде на вистинско место во вистинско време, потребно е истата да се следи. Постојаното следење на транспортната и логистичката опрема е голем предизвик, особено кога вработените не водат постојана евиденција каде се наоѓа опремата. Опремата често завршува на места каде што не е потребна или истата не може да се најде, а тоа допринесува движењето на производите да биде отежнато или во одредени моменти невозможно. Резултат на сето претходно кажано е доцнење во испораката и генерирање на дополнителни трошоци.
GS1 стандардите не само што помагаат во идентификација на секое индивидуално парче на опрема, туку овозможуваат следење на движењето на таа опрема во реално време на различни локации со цел да се обезбеди достапност на потребната опрема на потребното место во точно време.
Јапонската компанија за свежа храна Кибун (Kibun) користи кафезни колички за транспорт на своите производи и состојки од едно на друго место. По примената на GS1 стандардите, во компанијата, пописот на кафезните колички се изведува за неколку минути, а не за неколку денови како претходно. Испораката сега е брза и ефикасна, бидејќи секој одел има точен број на колички, според моменталните потреби.
Погледнете ја цела студија
Овој софтвер е наменет за сите компании кои немаат импламентирано софтверско решение за изработка на Европска логистичка етикете и GS1-128 бар код. Услугата е достапна со дополнителен годишен надоместок.