Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Испораката на добра започнува од фабриките или магацините и завршува во продавниците, рестораните, болниците и слично. Во секој случај, пратката треба да се прими, провери, запише во систем, консолидира и складира, понекогаш тоа се прави надолу до секое индивидуално пакување со индивидуален сериски број
Како функционира испраќањето и примањето на пратки?
Успехот на еден бизнис зависи од тоа колку се точни и навремени информациите за тоа што се очекува да пристигне и кога. Исто така бизнисмените треба да знаат каде се наоѓа пратката кога таа се движи во синџирот на снабдување, од производствените капацитети до корисниците. Зголемената примена на така нареченото „континуирано дополнување“, на претходно спомнатот му дава уште поголема тежина преку зголеменото вкрстување на пратки, честите испораки и испораки на мали пратки.
На вашиот бизнис му се потребни ефикасни и точни процеси за испорака и достава. Вашата компанија мора да има јасен начин за идентификација на палетите и кутиите како и систем за споделување на информации со вашите трговски партнери за испратените и добиените пратки. GS1 стандардите можат да ви го обезбедат сето ова.
Британскиот синџир на супермаркети Теско ги користи нашите стандарди за да го автоматизира начинот на кој ги прима прехранбените производи и другата стока. Информациите кои ги прибира се со висок квалитет. Како резултат на тоа, Теско очекува да одговори инстантно на барањата на потрошувачите, да ги намали рачните работи кои побаруваат многу време, да извлече максимум од релациите со добавувачите и да ги намали трошоците.
Погледнете ја цела студија
Овој софтвер е наменет за сите компании кои немаат импламентирано софтверско решение за изработка на Европска логистичка етикете и GS1-128 бар код. Услугата е достапна со дополнителен годишен надоместок.