Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
На 28.09.2016 година GS1 Македонија во соработка со ЕЛМЕД ДОО Скопје, организираше семинар на тема следливост. Настанот беше насловен „GS1 стандардите – алатка за техничка примена и автоматизација на процесот на следливост низ дистрибутивниот синџир“
Присуствуваа повеќе од 70 претставници од бренд компании наши членки, но најмногу од секторот прехрамбена индустрија и дистрибуција, како и од здравствениот сектор кои имаат потреба и доволно финансиски ресурси да ги воведат новите техники и вложат во технологиите за обезбедување на следливост долж дистрибутивниот синџир.
Семинарот го отвори извршниот директор на GS1 Македонија г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ. Таа истакна дека презентацијата е организирана со цел претставување на најновите светски стандарди за обележување на збирните пакувања и палети, како и најновите барања за обезбедување на следливоста долж дистрибутивниот синџир, со цел поефикасна, поточна и побрза дистрибуција во логистиката и транспортот. Милутиновиќ посочи дека презентацијата е наменета за сите производни фирми од било која индустрија во Р. Македонија кои имаат потреба да го воведат или осовременат своето индустриско обележување, кодирање, означување, контрола и следливост на производите.
Со видео презентација на тема – „GS1стандардите-основа за обезбедување на следливост долж дистрибутивниот синџир“ присутните ги запозна м-р Кирил Коровешовски, самостоен советник во GS1 Македонија.
Иновативните технологии за индустриско маркирање и кодирање на производите за подобра следливост во согласност со GS1, ISO, HASSP стандардите, како и интегрираните софтверски решенија во индустриското производство и магацинското работење беа презентирани од страна на експертите од групацијата ЕЛМЕД од Скопје и Србија.
Од страна на ЕЛМЕД Скопје свои презентации имаше м-р Тибор Хеѓкези, бренд менаџер, кој ја претстави групацијата ЕЛМЕД и техниките кои ги нудат за обележување на збирните пакети и палети.
Во презентацијата беше опфатено претставувањето на DOMINO опремата за обележување и бар кодирање на збирни пакувања и палети, како и изнаоѓање на софтверско – хардверски решенија за печатењето на бар кодовите.
За интегрираните системи за обележување на збирни пакети и палети зборуваше г-дин Милан Јаниќ, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија, а за ефектите и значењето на означувањето во магацинското работење, за логистичката следливост на збирните пакувања, свое излагање имаше г-дин Милан Шчекич, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија.
Големо внимание кај присутните привлече презентацијата на г-дин Дарко Стефановски, директор на сектор за кредитно осигурување од Македонската банка за поддршка на развојот на тема: „ Можност за кредитни линии, кредитно осигурување и извозниот факторинг“.
Настани
Новости