Работилница во Штип

На 14.06.2013 GS1 Македонија одржа тренинг обука на своите членки од градовите Штип и Пробиштип, во просториите на општината Штип. За одбележување е фактот што од 19 компании, присуствуваа 12 највисоки раководни кадри (управители и директори) на фирмите, што е показател за зголемената заинтересираност за новите услугите кои ги овозможува GS1 Македонија на своите членки за подобрување на нивната конкурентска способност.

 

Посебно свечено обележје на целиот настан даде присуството на г-дин Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип, кој ги поздрави присутните со воведен говор.

Целиот настан беше медиумски покриен од страна на 5 локални ТВ и радио станици, кои ги пренесоа информациите од нашето текстуално подготвено известување за јавноста, со дополнителни изјави снимени на самото место, дадени од градоначалникот Илчо Захариев и извршниот директор на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ. При оваа пригода на г-динот Захариев му беше предадена Благодарница за неговата долгогодишна поддршка и придонесот за развој на GS1 Македонија и имплементација на GS1 стандардите во Република Македонија, со оглед на успешната соработка со г-дин Захариев како директор на Бирото за лекови.

 

Целта на тренинг сесијата „Правилно означување на транспортните кутии и палети по GS1 стандарди“ се постигна, бидејќи интерактивниот пристап овозможи на учесниците да се стекнат со дополнителни знаења за лесно, правилно и ефикасно да ги користат GS1 стандардите во деловното работење, го зголемат својот извоз и станат поконкурентни на домашниот и странските пазари.

   

Низ видео презентации и филмски материјали се презентираа следните теми: основи на GS1 системот, означување на транспортни кутии со GS1 128 бар код симболот, означување на транспортни палети со GS1 логистичка етикета.

Со секој учесник посебно се работеше на практично совладување на правилната употреба на софтверот за генерирање на GS1 логистичката етикета, кој специјално за потребите на малите и средните претпријатија го разви самостојно GS1 Македонија.

Учесниците имаа можност да се уверат во важноста на квалитетно изработените бар кодови и да ги проверат на нашиот верификатор.

По завршување со тренинг обуката, тимот на GS1 Македонија оствари работна посета на нашите долгогодишни членки во Штип: „Европа “ДООЕЛ, „Илинден 2000“ и „Жито леб“ ДООЕЛ.

Корисни линкови