Конституирање на GS1 Македонија

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за започнување на активностите за организационо усогласување на работата на GS1 Македонија со Меѓународната асоцијација GS1, бр.08 4834/10 од 13.12.2005 година, а согласно член 19 од Статутот на Стопанската комора на Македонија, претседателот на Стопанската комора на Македонија г-дин Бранко Азески свика Конститутивна седница на Генералното собрание на GS1 Македонија на 16.01.2006 година, на која Собранието на GS1 Македонија ги донесе следните документи и одлуки:

  • ЗАПИСНИК од Конститутивната седница на Генералното собрание на GS1 Македонија, бр.10-49/2;
  • ОДЛУКА за избор на членови на Собранието на GS1 Македонија, бр.10-49/3;
  • ОДЛУКА за избор на претседател на Собранието на GS1 Македонија, бр.10-49/4;
  • ОДЛУКА за донесување на Статутот на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, бр.10-49/5;
  • СТАТУТ на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите - GS1 Македонија, бр.10-49/5;
  • ОДЛУКА за промена на името на ЕАН Македонија (ЕАН МАК) во GS1 Македонија бр.10-49/6;
  • ОДЛУКА за избор на членови на Управниот одбор на GS1 Македонија,бр.10-49/7;
  • ОДЛУКА за донесување на Програмата на активности на GS1 Македонија во 2006 година, бр.10-49/08;
  • ПРОГРАМА на активности на GS1 Македонија во 2006 година, бр.10-49/08;
  • ОДЛУКА за усвојување Финансиски план на GS1 Македонија за 2006 година, бр.10-49/9;

Постапувајќи по горенаведените донесени одлуки на Собранието на GS1 Македонија, на 16.01.2006 година и Управниот одбор на GS1 Македонија ја одржа својата I-ва седница на која ги донесе следните документи и одлуки:

  • ЗАПИСНИК од I-та седница на Управниот одбор на GS1 Македонија, бр.10-49/10;
  • ОДЛУКА за избор на директор на GS1 Македонија, бр.10-49/11;
  • ОДЛУКА за утврдување на висината на пристапницата и членарината на GS1 Македонија за 2006 година, бр.10-49/12.

Членови на Конститутивно собрание оддржано на 16.01.2006 година

Согласно член бр. 20 од Статутот на GS1 Македонија, донесен во јануари 2006, Генералното собрание на GS1 Македонија го сочинувале 31 член, кои полноправно одлучувале за работата на Собранието.

Членовите на Конститутивното генерално собрание одржано на 16.01.2006 година се:

  1. Г-дин Бранко АЗЕСКИ, претседател на „Стопанската комора на Македонија” – Скопје;
  2. Г-дин Живко МУКАЕТОВ, претседател на УО на АД „Алкалоид” – Скопје;
  3. Г-дин Асенчо ЦЕНОВ, супервизор за квалитет на пиво во АД „Пивара” – Скопје;
  4. Г-дин Жарко ТРПКОСКИ, дир.на сектор за информатика на АД „Тетекс” – Тетово;
  5. Г-дин Симон НАУМОСКИ, ген. директор на АД „Витаминка” – Прилеп;
  6. Г-дин Благоја ВЕЛИНОВ, управител на во „Сеавус” ДОО – Скопје;
  7. Г-дин Јован ГРКОВ, ген.директор на „Урбан Инвест” ДОО – Кавадарци;
  8. Г-дин Бранко СТАНЧЕВ, дир.за регулатива и меѓу операторски односи на АД „Мобимак” – Скопје;
  9. Г-дин Благој ХРИСТОВ, виш менаџер за регулатива на АД „Македонски телекомуникации” – Скопје;
  10. Г-дин Денис РИЗАОВ, менаџер во правен сектор на „Керамика Нова” ДООЕЛ – Велес;
  11. Г-дин Љубомир ДРЕНКОВСКИ, генерален менаџер на „Пилко” ДОО – Скопје;
  12. Г-дин Лазар ПОПОВСКИ, координатор на Сек.за трговија на АД „Скопски Пазар” – Скопје;
  13. Г-дин Шефки ИДРИЗИ, ген.дир. на „Ренова” ДОО – Џепчиште, Тетово;
  14. Г-ѓа Лидија ГРУПЧЕВА, рак. на правен сектор на АД „Империјал тобако ТКС” – Скопје;
  15. Г-ѓа Гезиме ФЕЈЗИ, управител на „Касифичио Чезарина 2” ДООЕЛ – Гостивар;
  16. Г-дин Јани ЌУКА, координатор за квалитет на АД „Сковин” – Скопје;
  17. Г-ѓа Викторија НАСКОВСКА, рак.на сек.за општи и правни работи на АД „Лотарија на Македонија” – Скопје;
  18. Г-дин Михаил ГАРЕВСКИ, директор на ЈНУ „ИЗИИС-Скопје” – Скопје;
  19. Г-дин Филип ПЕТРЕСКИ, извршен директор на „Идеа Плус ДДБ” ДОО” – Скопје;
  20. Г-ѓа Соња ТАСЕВСКА, управител на „Мако Маркет” ДОО – Скопје;
  21. Г-дин Васко СПИРОВСКИ, извршен директор на АД „Агроплод” – Ресен;
  22. Г-дин Владе МИРЧЕВСКИ, шеф на комерција на АД Печатница „Киро Дандаро” – Битола;
  23. Г-дин Јован МИЛОШЕСКИ, извршен директор на АД „Метро” – Скопје;
  24. Г-дин Виктор МАРКОВСКИ, графички дизајнер на „Мед Фокус продукција” ДООЕЛ – Скопје;
  25. Г-дин Кире ТРАЈКОВ, рак. на РЕ лабораторија на Тиквеш АД „Винарска визба” – Кавадарци;
  26. Г-дин Коста ТАШКОВ, зам.ген.дир. на „Брилијант” ДООЕЛ, Штип;
  27. Г-дин Кирил ЈАНЕВ, извршен директор на АД „Герас Цунев” – Струмица;
  28. Г-ѓа Розета РАЈЧЕВСКА, управител на „Марко Поло Фудс” ДОО – Битола;
  29. Г-ѓа Катерина ШИКОВСКА, управител на „Панорама” ДООЕЛ – Охрид;
  30. Г-дин Влатко ЃОРГИЕВ, управител на „Месна индустрија и кланица” ДОО – Свети Николе;
  31. Г-ѓа Марија КОСТУРАНОВА, претседател на Одборот на директори на АД „Грозд” – Струмица.