Консултантски услуги и специјалистички курсеви

Компаниите во Република Македонија се повеќе стануваат свесни за потребата од имплементацијата на GS1 стандардите во своето работење. Со користењето на GS1 стандардите во процесите на работење во компаниите и информациите поврзани со нив се движат ефикасно и безбедно секојдневно и насекаде во корист на бизнисот и во насока на подобрување на животот на сите нас. GS1 стандардот го имплементираат не само членките на GS1 Македонија, туку и фирми кои што се индиректно поврзани со своите услуги во дистрибутивниот синџир.

Како резултат на сето ова се повеќе се јавува потреба од консултативни услуги на тимот на GS1 Mакедонија и спроведување на специјалистички курсеви. Со цел да излезе во пресрет на сите свои членки и останатите, GS1 Македонија воведе нова дополнителна услуга - Консултантски услуги и специјалистички курсеви.

Сите заинтересирани потребно е да пополнат Барање за консултантски услуги и да го испратат до GS1 Македонија преку email или на факс. По добивањето на барањето се договара термин за спроведување на соодветната услуга.

Ценовник за новата услуга Ви е достапен во тука.