Првата годишна конференција за вмрежување и соработка помеѓу членките на Клубот на менаџери – претприемачи и членките на GS1 Македонија.

Alibaba&GDSN

На 23.12.2016 година GS1 Македонија ги организираше своите членки да ги презентираат бенефитите од користењето на GS1 стандардите во своето деловно работење на „Годишната конференција – Вмрежување и соработка помеѓу членките на Клубот на менаџери претприемачи при Стопанската комора на Македонија и членките на GS1 Македонија“

Alibaba&GDSN

На настанот, покрај претставување на целите, задачите, мисијата и визијата на GS1 Македонија под наслов „Практична примена на GS1 стандардите“, од страна на г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија, свои излагања на тема „Споделување на искуството од практичната примена на GS1 стандардите и бенефитите за компанијата“, имаа и:

  • Г-дин Александар Ѓуроски, регионален менаџер за извоз во ПИ „Витаминка“ АД- Прилеп;
  • Г-ѓа Светлана Нечева, директор за регулаторни активности во „Реплек Фарм“ ДООЕЛ-Скопје;
  • Г-ѓа Ана Стојменска, директор на ИТ сектор во „Зегин“ ДОО –Скопје;
  • Г-дин Љубомир Црвенков, директор на ИТ сектор во „Веропулос“ ДООЕЛ – Скопје.
Alibaba&GDSN Alibaba&GDSN Alibaba&GDSN Alibaba&GDSN Alibaba&GDSN

Сите присутни компании членки на Стопанската Комора на Македонија и на GS1 Македонија, настанот го оценија како многу успешен и полезен за вмрежување, едукација и размена на идеи.

Корисни линкови