GS1 EDI

GS1 EDI обезбедува глобален стандард за електронска размена на деловни пораки кои ќе дозволат автоматизација на деловните трансакции кои секојдневно се појавуваат во целиот синџир на снабдување.

Го покрива израмнувањето на мастер податоците, порачка, достава, управување со финансиските трансакции како и управување со транспортот, логистиката и магацините. Главни деловни партнери во оваа поле се трговците на мало, производителите, добавувачите на материјали и логистичките сервис провајдери.

GGS1 во моментов располага со три сета на комплементарни EDI стандарди:

Овие стандарди се имплементирани паралелно од различни корисници, сепак XML стандардите се подобро адаптирани за размена на информации користејќи ги интернет базираните технологии.

Кој ги користи GS1 EDI стандардите?

GS1 Глобалната канцеларија еднаш годишно спроведува анкета која има за цел да даде одговор на употребата на EDI ширум светот. Во оваа анкета се мери имплементацијата на EDI стандардите во земјите каде има GS1 национални организации.

Резултатите се дадени во две верзии:

Дали знаете дека во 2015

  • GS1 EANCOM стандардите беа имплементирани во повеќе од 100,000 компании од 43 земји
  • GS1 XML стандардите беа имплементирани во повеќе од 35,000 компании од 33 земји
  • Најчесто користените пораки се: нарачка, фактура и испратница

Потребен Ви е Бар код?

Соработката со GS1 Македонија ќе Ви обезбеди сигурност да сите Ваши бар кодови и уникатни броеви бидат прифатени од најголем број на трговци и дистрибутери насекаде низ светот.