Како работи GDSN

GS1 Глобалната мрежа за синхронизирање на податоци (GDSN) им овозможува на трговските партнери на автоматски начин да ги споделуваат бизнис податоците меѓу себе. Ова значи дека трговските партнери ќе имаат доверба во својата база на податоци така што штом еден од добавувачите или трговците направи промена во својата база, тогаш по автоматизам податоците поврзани со таа промена во сопствената база ќе се променат автоматски. Сите кои се дел од GDSN имаат пристап до континуираното освежување на податоците.

GDSN

За ова да се случи, секоја компанија треба да се приклучи на еден податочен базен кој што е сертифициран и тестиран од GS1, базен кој е поврзан со GS1 Global Registry®, централен регистар кој што ги следи конекциите и гарантира уникатност на податоците и нивна компатибилност со сите GS1 стандарди за споделување на податоци.

Постојат повеќе податочни базени низ светот.

 

Бенефити

  • Им овозможува на крајните потрошувачи пристап до доверливи информации во реално време за продуктите
  • Подобро ги исполнува барањата на стандардите за нутритивни факти и здравство како и барањата на регулаторите
  • Ги намалува рачните процеси и ги намалува грешките
  • Го намалува времето и грешките при управувањето со податоци и ги снижува трошоците за дистрибуција
  • Ги претставува новите продукти на пазарот многу брзо и едноставно

Имате дополнителни прашања?

Ние можеме да Ви дадеме повеќе информации за GDSN и за БЕСПЛАТНИОТ GS1 Каталог