Оцена од верификацијата

Верификацијата вклучува постојано и континуирано мерење на параметрите на бар кодовите според ISO и GS1 спецификации. Овие мерења потоа се споредуваат со очекуваните резултати од перформансите при скенирањето на бар кодот во опсегот на различни услови и се генерира извештај за верификацијата врз основа на оваа анализа.

При одредување на оценките од тестирањето се користат две карактеристики на верификаторот: големината на отворот (6,10,20 mils - 1/1000 дел од инчот) и брановата должина на светлината (660-685 нанометри), со која се скенира бар кодот. Врз основа на овие параметри се дефинираат 4 оценки за успешност на бар кодот (A,B,C,D) или истите можат да се изразат преку броеви (4,3,2,1) за да се овозможи попрецизно мерење кога како резултат од тестот се добиваат децимални броеви. Воедно постои и оценка за неуспешност на бар кодот (F=0).

Според ISO и GS1 стандардите доволните оценки за успешна верификација и осигурување дека бар кодот на производот сигурно и брзо ќе се скенира се одредуваат според симбологијата на бар кодот. Во рамките на оценката првиот дел ја означува децималната вредност на оценката, вториот дел ја означува големината на отворот на верификаторот, а третиот дел ја означува брановата должина на светлината при тестирањето.

Симбологија Доволна оценка
EAN-13, ЕAN-8,
GS1 Databar и GS1 DataMatrix
1.5/06/670 (C)
GS1-128 и ITF-14 < 62.5% 1.5/10/670 (C)
ITF-14>62.5% 0.5/20/670 (D)

Листата на параметри кои влијаат на оценката на бар кодот при верификацијата може да ја најдете на следниов линк Параметри кои влијаат на оценката.