GS1 стандардите – алатка за техничка примена и автоматизација на процесот на следливост низ дистрибутивниот синџир

Foodservice

На 28.09.2016 година GS1 Македонија во соработка со ЕЛМЕД ДОО Скопје, организираше семинар на тема следливост. Настанот беше насловен „GS1 стандардите – алатка за техничка примена и автоматизација на процесот на следливост низ дистрибутивниот синџир“

Присуствуваа повеќе од 70 претставници од бренд компании наши членки, но најмногу од секторот прехрамбена индустрија и дистрибуција, како и од здравствениот сектор кои имаат потреба и доволно финансиски ресурси да ги воведат новите техники и вложат во технологиите за обезбедување на следливост долж дистрибутивниот синџир.

Foodservice

Семинарот го отвори извршниот директор на GS1 Македонија г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ. Таа истакна дека презентацијата е организирана со цел претставување на најновите светски стандарди за обележување на збирните пакувања и палети, како и најновите барања за обезбедување на следливоста долж дистрибутивниот синџир, со цел поефикасна, поточна и побрза дистрибуција во логистиката и транспортот. Милутиновиќ посочи дека презентацијата е наменета за сите производни фирми од било која индустрија во Р. Македонија кои имаат потреба да го воведат или осовременат своето индустриско обележување, кодирање, означување, контрола и следливост на производите.

Foodservice

Со видео презентација на тема – „GS1стандардите-основа за обезбедување на следливост долж дистрибутивниот синџир“ присутните ги запозна м-р Кирил Коровешовски, самостоен советник во GS1 Македонија.

Foodservice

Иновативните технологии за индустриско маркирање и кодирање на производите за подобра следливост во согласност со GS1, ISO, HASSP стандардите, како и интегрираните софтверски решенија во индустриското производство и магацинското работење беа презентирани од страна на експертите од групацијата ЕЛМЕД од Скопје и Србија.

Од страна на ЕЛМЕД Скопје свои презентации имаше м-р Тибор Хеѓкези, бренд менаџер, кој ја претстави групацијата ЕЛМЕД и техниките кои ги нудат за обележување на збирните пакети и палети.

Foodservice

Во презентацијата беше опфатено претставувањето на DOMINO опремата за обележување и бар кодирање на збирни пакувања и палети, како и изнаоѓање на софтверско – хардверски решенија за печатењето на бар кодовите.

Foodservice За интегрираните системи за обележување на збирни пакети и палети зборуваше г-дин Милан Јаниќ, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија, а за ефектите и значењето на означувањето во магацинското работење, за логистичката следливост на збирните пакувања, свое излагање имаше г-дин Милан Шчекич, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија.

Foodservice Foodservice Foodservice

Големо внимание кај присутните привлече презентацијата на г-дин Дарко Стефановски, директор на сектор за кредитно осигурување од Македонската банка за поддршка на развојот на тема: „ Можност за кредитни линии, кредитно осигурување и извозниот факторинг“.

Корисни линкови