еИнфo
No3 - Јуни 2013


Превземи PDF 

Содржина

Повеќе од 30 лидери од Здравството ги прифатија GS1 стандардите

 

Новости за прифаќање на GS1 стандардите од страна на владите и регулаторните тела во здравствениот сектор во Европа и САД


GS1 Здравство низ бројки

 

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

 

     Ова е специјално издание на нашиот електронски весник посветено на примената на GS1 стандардите во здравствениот сектор. Моментумот на напредната фаза на трансформацијата на здравствениот систем во Република Македонија и актуелноста на темата ја детерминираа и содржината на ова специјално издание.

    Здравствените системи низ целиот свет се соочуваат со предизвиците кои влијаат врз целокупниот дистрибутивен синџир - од производители до продавачи, дистрибутери, групи на организации и здравствени провајдери. Сите имаат две главни цели: зголемување на ефикасноста во дистрибутивниот синџир со намалување на рапидно растечките трошоци и грижа за безбедност на пациентот.

      GS1 системот на стандарди нуди глобална, хармонизирана и интегрирана рамка за менаџирање на информациите во дистрибутивниот синџир и поедноставно усогласување со регулаторните барања и предизвиците на денешниот комплексен здравствен систем.

     За Република Македонија е од особен значај што бенефетитите кои ги нуди GS1 системот се апсолвирани од страна на регулаторните тела во Здравството и дадена е поддршка на негова имплементација од страна на г-динот Никола Тодоров, министер на Министерството за здравство, кој заедно со неговиот тим интензивно работат на зголемено користење на GS1 стандардите во здравствениот информатички систем. Со овој револуционерен исчекор ќе се овозможи ефикасно и ефективно исполнување на различните локални и глобални барања со цел да се осигура интероперабилноста и компатибилноста во рамките на организацијата, помеѓу организациите и меѓу државите.

     Регулативите во целиот свет продолжуваат да се развиваат; новите регулативи ќе имаат директно влијание врз здравствениот дистрибутивен синџир, кои што ќе ги принудат здравствените организации да имплементираат технологии за автоматска идентификација, електронски каталози со производи, серијализација и воведување системи за следливост. Во овој број Ви нудиме текстови кои се однесуваат на регулаторните барања во Европа и САД.

      Се надеваме дека за целната група од Здравствениот сектор понудените текстови ќе бидат многу полезни, а за останатите наши членки можност да се информираат.