еИнфo
No17 - Ноември 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Упатство за имплементација на EU регулативата 1169/2011 со користење на GS1 стандарди

Извршен Директор

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   Повторно се навраќам на моментално најактуелната тема која ги засега сите учесници во Прехранбената индустрија ( од производители, дистрибутери, трговија на големо и мало, до крајниот потрошувач), а тоа е законската обврска на Европската Унија – Регулатива EU 1169/2011, која стапува на сила на 13 декември 2014 година во сите земји членки на ЕУ и ги менува постојните законски правила за означување на храната.

   Целта на EU 1169/2011 Регулативата е со подобро информирање на потрошувачите на прехранбени производи да се осигура поразбирливо означување на прехранбените производи, што придонесува за зголемена заштита на здравјето на потрошувачите и го гарантира нивното право за информирање, при што им се овозможува носење на најповолни одлуки во врска со купувањето.

   Во Регулативата се пропишани сите податоци кои мораат задолжително да бидат прикажани на етикетата и електронски да се разменат.

   GS1 стандардите, услугите и решенијата можат да им помогнат на компаниите од прехранбената индустрија да ги задоволат барањата во однос на преносот на информации за производите (во согласност со одредбите за електронска трговија).

   Компанијата под чие име храната се пласира на пазарот треба однапред да ги обезбеди потребните податоци за трговците на мало кои продаваат производи преку интернет и таа е одговорна за содржината и точноста на потребните информации. Воедно сите други субјекти, како што се добавувачите кои ги снабдуваат производителите на храна, добавувачите на храна во продажбата на големо и трговијата со храна на мало, имаат одредени одговорности. Затоа треба да се обезбеди ефикасна размена на податоците за производот во синџирот на снабдување. Сите потребни информации за храната предвидени со Регулативата можат да се пренесуваат во облик на податоци дефиниран со GS1 стандардите. Ова е најдобриот можен начин да се обезбеди правилна и точна употреба на сите информации за производите во дистрибутивниот прехранбен синџир.

   Освен стандадизирани формати на податоците, GS1 Македонија обезбедува и технологија за пренос и размена на податоци. GS1 Македонија нуди услуги кои помагаат да се обезбеди гаранција на високиот квалитет на податоците на производите.

    Сите овие информации се содржат во електронскиот каталог на македонски производи на GS1 Македонија. Со внесување на Вашиот производ во GS1 Каталогот на артикли на македонските компании (www.gs1katalog.mk) Вашиот производ ќе биде чекор поблиску до задоволувањето на барањето на EU 1169/2011 Регулативата.