GS1 DataBar бар кодови

GS1 DataBar бар кодовите често се користат за означување на свежа храна. Овие бар кодови во себе можат да содржат информации за бач бројот на продуктот или датата на употреба, а како надополнување на другите атрибути кои се користат на каса овој бар код во себе може да ја содржи и тежината на продуктот.

GS1 DataBar бар кодовите често се користат во трговијата на мало и истите може да бидат прочитани од обичен ласерски читач.

Видови на GS1 DataBar бар кодови

GS1 DataBar фамилијата се состои вкупно од седум симболи: четири се користат за означување на продукти кои се читаат на каса, а три се за друга намена. Симболите кои се користат на каса се дадени во прилог:

 

DataBar

Омнидирекционален

  • Идентификатор на симболот: ]E0
  • Капацитет: 14 броеви
  • Омнидирекцинален
  • Поддржува GTIN, GCN
  • Не поддржува дополнителни атрибути

DataBar

Напластен омнидирекционален

  • Идентификатор на симболот: ]E0
  • Капацитет: 14 броеви
  • Омнидирекцинален
  • Поддржува GTIN, GCN
  • Не поддржува дополнителни атрибути

 DataBar

Проширен напластен

  • Идентификатор на симболот: ]E0
  • Капацитет: Максимум 74 броеви/ 41 алфанумерички карактери
  • Омнидирекцинален
  • Поддржува GTIN, GCN
  • Поддржува дополнителни атрибути
DataBar проширен

  • Идентификатор на симболот: ]E0
  • Капацитет: Максимум 74 броеви/ 41 алфанумерички карактери
  • Омнидирекцинален
  • Поддржува GTIN, GCN
  • Поддржува дополнителни атрибути

 

 

Потребен Ви е Бар код?

Соработката со GS1 Македонија ќе Ви обезбеди сигурност да сите Ваши бар кодови и уникатни броеви бидат прифатени од најголем број на трговци и дистрибутери насекаде низ светот.

GS1 DataBar во светот

Пилот Проект
"Со GS1 DataBar - Револуција на наплатно место"

Видео материјали