еИнфo
No10 - Февруари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Поддршка за усвојувањето на GS1 Стандардите


HL7 го поддржува GS1


GS1-Користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата


Новости од светот

 HL7 го поддржува GS1 како најдобар светски стандард за синџирот на снабдување во Здравството

HL7 е непрофитна и глобална организација со седиште во Ан Арбор, се занимава со развој на меѓународни стандарди за информациона интеропера-билност во здравството и важи за најважниот светски консултант во полето на операбилност во здравството. HL7 стандардите се користат во 55 држави. Во HL7 членуваат повеќе од 2.300 членови од повеќе од 500 корпоративни организации во кои се користат повеќе од 90% проценти од информационите системи во Здравството.

    Брисел, Белгија и Ан Арбор, Мичиген, САД, 14ти Октомври, 2013 – Организацијата Health Level Seven International® (HL7®) ја потврди својата поддршка на GS1 преку приклучување кон повеќе од педесетте водечки учесници во процесите во Здравството и Синџирот на Снабдување во Здравството од целиот свет во потпишувањето на Меморандумот за поддршка на усвојувањето на GS1 Системот на Стандарди за Здравството како глобален стандард и најдобро решение за синџирот на снабдување во Здравството.

   HL7 е непрофитна, акредитирана организација за развој на ANSI стандардите, посветена на обезбедување на разбирлива рамка и стандарди за размена, интеграција, размена и прием на електронски информации кои се основа на клиничката пракса и управување, овозможување и евалуација на здравствени услуги.

    Лидерите од Здравството беа поттикнати да го потпишат Меморандумот за поддршка на усвојувањето на GS1 Системот на Стандарди за Здравството по објавувањето на извештајот на McKinsey & Company во кој се наведува како заклучокот дека “имплементацијата на глобалните стандарди во целиот синџир на снабдување во здравството би можело да спаси 22.000-43.000 животи и да спречи настанување на последици по здравјето кај 700.000 до 1,4 милиони пациенти”. Во извештајот исто така се наведува дека единствен систем базиран на глобални стандарди ќе спречи пробив на фалсификувани лекови во вредност од десетици милијарди долари во легалниот синџир на снабдување и ќе овозможи остварување на бенефити, како што е оддржлива безбедност која ќе ги намали трошоците во здравството за 40-100 милијарди долари, а цената на еден глобален систем е значително помала, отколку цената на два или повеќе системи.

    GS1 и HL7 направија уште еден голем чекор за подобрување на глобалното здравство на Конференција за Здравство во Сан Франциско, САД, од 1-3 Октомври 2013, обновувајќи го Меморандумот за разбирање со кој се обврзуваат на соработка со цел редуцирање на медицинските грешки и пораст на ефикасноста на синџирот на снабдување во Здравството. Меморандумот за разбирање го потпишаа Претседателот и извршен директор на GS1 Мигел Лопера (Miguel Lopera) и Извршниот директорот на HL7 Др. Чарлс Џаф (Dr. Charles Jaffe).


"GS1 изразува задоволство од продолжување на соработката и здружувањето на силите со HL7 и развојот и усвојувањето на глобалните GS1 стандарди за синџирот на снабдување со HL7 стандардите за итероперабилност на здравствената информациона технологија, кои особено се насочени кон подобрување на безбедноста на пациентите во светот” - Miguel Lopera, Претседател и Извршен директор на GS1

   Овој настан претставува пресвртница во глобалната соработка во областа на Здравството меѓу двете водечки организации за глобални стандарди.


"Интеграцијата на GS1 стандардите за синџирот на снабдување и HL7 стандардите кои се користат за размена на податоци во Здравството, зачувување и пребарување, се и ќе продолжат да бидат од критична важност во намалување на трошоците во Здравството од производителите до пациентите, како и подобрување на безбедноста на пациентите” - Dr. Charles Jaffe, Извршeн директор на HL7

   Уште една тема во фокусот на вниманието на Глобалната GS1 Конферецијата за Здравство во Сан Франциско беше начинот на имплементација на новото правило на Американстата Федерална Администрација за Лекови за Единствена Идентификација на Помагала (U.S. Federal Drug Administration Unique Device Identification - UDI). UDI претставува систем кој се користи за маркирање и идентификација на медицинските помагала во синџирот на снабдување во здравството што обезбедува податоци и важни информации за производите во базата на податоци раководена од страна на FDA.

   Правилото на FDA за UDI, кое стапи на сила во месец Септември 2013 година, ги задолжува производителите да користат и текстуален приказ на кодираните идентификациски податоци, како и кодна верзија која користи Автоматска Идентификација и Снимање и Зачувување на Податоците (Automatic Identification and Data Capture - AIDC), технологија која се применува и за кодирање на линеарните и дводимензионалните бар код симболи и на Радио Фрекфентните Идентификациски Тагови (RFID).

   GS1 Системот на Стандарди на сите учесници во синџирот на снабдување во Здравстворо им овозможува ефикасно и ефектно запазување на барањата при имплементација на UDI преку обезбедување на интероперабилност и компатибилност во рамките на организациите и меѓу организациите ширум светот.

   Користењето на единствен стандард овозможува постигнување на врвни резултати при имплементацијата и ја зголемува компатибилноста со UDI барањата. Националните организации на GS1 и нејзините вработени ширум светот пружаат поддршка на корисниците за начините на имплементација на UDI на националните јазици и обуки во однос на националната регулатива.