GS1 стандардите – алатка за техничка примена и автоматизација на процесот на следливост
низ дистрибутивниот синџир
На 28.09.2016 година GS1 Македонија во соработка со ЕЛМЕД ДОО Скопје, организираше
семинар на тема следливост. Настанот беше насловен „GS1 стандардите – алатка за
техничка примена и автоматизација на процесот на следливост низ дистрибутивниот
синџир“
Присуствуваа повеќе од 70 претставници од бренд компании наши членки, но најмногу
од секторот прехрамбена индустрија и дистрибуција, како и од здравствениот сектор
кои имаат потреба и доволно финансиски ресурси да ги воведат новите техники и вложат
во технологиите за обезбедување на следливост долж дистрибутивниот синџир.
Семинарот го отвори извршниот директор на GS1 Македонија г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ.
Таа истакна дека презентацијата е организирана со цел претставување на најновите
светски стандарди за обележување на збирните пакувања и палети, како и најновите
барања за обезбедување на следливоста долж дистрибутивниот синџир, со цел поефикасна,
поточна и побрза дистрибуција во логистиката и транспортот. Милутиновиќ посочи дека
презентацијата е наменета за сите производни фирми од било која индустрија во Р.
Македонија кои имаат потреба да го воведат или осовременат своето индустриско обележување,
кодирање, означување, контрола и следливост на производите.
Со видео презентација на тема – „GS1стандардите-основа за обезбедување на следливост
долж дистрибутивниот синџир“ присутните ги запозна м-р Кирил Коровешовски, самостоен
советник во GS1 Македонија.
Иновативните технологии за индустриско маркирање и кодирање на производите за подобра
следливост во согласност со GS1, ISO, HASSP стандардите, како и интегрираните софтверски
решенија во индустриското производство и магацинското работење беа презентирани
од страна на експертите од групацијата ЕЛМЕД од Скопје и Србија.
Од страна на ЕЛМЕД Скопје свои презентации имаше м-р Тибор Хеѓкези, бренд менаџер,
кој ја претстави групацијата ЕЛМЕД и техниките кои ги нудат за обележување на збирните
пакети и палети.
Во презентацијата беше опфатено претставувањето на DOMINO опремата за обележување
и бар кодирање на збирни пакувања и палети, како и изнаоѓање на софтверско – хардверски
решенија за печатењето на бар кодовите.
За интегрираните системи за обележување на збирни пакети и палети зборуваше г-дин
Милан Јаниќ, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија, а за ефектите и значењето на означувањето
во магацинското работење, за логистичката следливост на збирните пакувања, свое
излагање имаше г-дин Милан Шчекич, менаџер за продажба во ЕЛМЕД Србија.
Големо внимание кај присутните привлече презентацијата на г-дин Дарко Стефановски,
директор на сектор за кредитно осигурување од Македонската банка за поддршка на
развојот на тема: „ Можност за кредитни линии, кредитно осигурување и извозниот
факторинг“.