Почитувани,
Со цел да ги исполниме Вашите очекувања и пружиме дополнителни услуги, за да Ви го олесниме работењето при баркодирањето на Вашите производи и услуги, GS1 Македонија Ве информира дека за сите нови зачленети членки и постојани членки можност да добијат бесплатни консултации во однос на проектите и индустриските сектори опфатени со работата на GS1 организацијата.
Целта е да Ви ја доближиме тематиката на GS1 стандардите и овозможиме стекнување на квалификувани знаења за GS1 системот во целина, за неговата меѓународна препознатливост и примена во различни области, за местото и улогата на GS1 Македонија во овој меѓународен систем на стандарди, со што ќе Ви се олесни патот кон практична имплементацијата на GS1 стандардите во Вашето деловно работење и овозможи користење на бенефитите со кои се стекнувате како членка на GS1 Македонија.
Во очекување да ја искористите оваа прилика за дополнителна бесплатна едукација,
Ве поздравува тимот на GS1 Македонија.