Секоја компанија која што сака да ги користи GS1 бар кодовите и пораките за електронска
трговија (EDI) треба да стан членка на GS1 и да добие свој сопствен компаниски идентификационен
број или компаниски префикс. Во пракса, како што Вашиот бизнис расте и развива ќе
дојдете во ситуација каде употребата на GS1 броевите за идентификација на Вашите
продукт ќе бидат услов за соработка со вашите деловни партнери и потрошувачи. Употребата
на глобални стандардизирани броеви за уникатна идентификација значи дека Вашиот
продукт може да биде следен секаде во светот низ синџирот на снабдување почнувајќи
од Вашите магацини до продавниците и онлајн трговците. GS1 стандардите кои се применуваат
во синџирот на снабдување се употребуваат за намалување на трошоците за набавка
и продажба на продукти.
Компаниите и организациите кои се спремни да започнат да ги означуваат своите продукти
и сервиси со бар кодови, прво треба да аплицираат во националната канцеларија на
GS1 во својата земја и од таму да добијат свој сопствен уникатен компаниски идентификационен
број, наречен Глобален компаниски префикс или GCP). Овој префикс се користи за создавање
на различни видови на идентификациони броеви кои се користат низ синџирот на снабдување
од страна на производителите, шпедициите и трговците, а со цел да го направат својот
бизнис по ефикасен преку употреба на автоматизација, како на пример скенирање на
бар код на каса за производи купени во маркет.
Глобалната банка на GS1 броеви е поделена меѓу сите национални GS1 организации,
па затоа производите од секоја земја имаат различни почетни броеви. Во Македонија
нашиот национален префикс започнува со „531“.GS1 Македонија е единствена организација
овластена од GS1 Глобалната организација за доделување на GS1 бар кодовите,развивање
и управување со GS1 системот на стандарди на територијата на Република Македонија.
Доделувањето на GS1 бар кодовите вклучува и нивна регистрација во централната GS1
база на бар кодови со детали на секоја компанија и префикс кој што и е доделен.
ПРОБАЈТЕ - > Доколку веќе поседувате GS1 број, Вие можете да ја проверите
вашата регистрација во глобалната база на податоци GEPIR http://www.gepir.org/ - или пробајте да го пребарате било
кој продукт што Ви е при рака – пакување со млеко, пакување на леб, или тегла со
конзервирана храна, внесете го бар кодот во GEPIR за да го видете името на сопственикот
на брендот.
Доколку пребарувате на Интернет може да пронајдете сајтови кои продаваат бар кодови
по многу ниски цени и со еднократен трошок. Овие сајтови не се дел од GS1 мрежата
и не се овластени да издаваат GS1 бар кодови. Што всушност прават овие сајтови?
– најчесто избираат случајни префикси, често овие префикси легално им припаѓаат
на други компании, и вршат нивна препродажба на компании кои се нови и неинформирани
во ова поле. Дали на пример Вие би купиле кола која некој ја продава покрај пат,
без официјални документи, без историја на сервисирање и историја на можни сообраќајни
незгоди, само затоа што нејзината цена е пониска од онаа купена во официјален салон?
Исто е и со бар кодовите – Вие треба да го знаете потеклото и да бидете дека броевите
кои ги добивате се уникатни и уникатно ја идентификуваат Вашата компанија и Вашите
продукти низ глобалниот синџир на снабдување.
Доколку набавите од овие нелегални бар кодови што се нудат на интернет и истиот
го ставите на продукт кој ќе го пласирате во маркети, при проверка на бар кодот,
маркетот ќе види дека бројот од Вашиот продукт идентификува друга компанија, а не
Вас како нивен нов добавувач. Голем број на синџири на маркети и дистрибутери бараат
потврда за автентичноста на GS1 бар кодовите кои ги добиваат од своите добавувачи
и доколку истите откријат дека GS1 бар кодот идентификува друга компанија, а не
Вашата, маркетите може да не дозволат влез на Вашиот продукт, да ве принудат на
преработка на амбалажата со нови етикети кои би Ве чинеле илјадници денари и изгубена
продажба, или истите може да побараат голем рабат од Вас за продуктите кои ги носите
кај нив, а немаат валиден бар код.
Знаете дека следливоста на продуктите е едно од најважните прашања и најголем проблем
денес во бизнис заедницата. Од критично значење е следливоста на продуктот назад
до добавувачот или производителот, а за обезбедување на оваа следливост и идентификација
важна улога имаат бар кодовите.
GS1 работи како непрофитна организација со еднократен трошок за влез во GS1 системот
и годишна членарина за издадените бар кодови. Висината на овие трошоци ги одредува
Управниот одбор кој што е избран од Собранието, а собранието го сочинуваат претставници
од компаниите членки на GS1 Македонија.
За повеќе информации за употребата на GS1 системот на стандарди како и процедурата
за зачленување во GS1 Македонија и добивање на уникатен GS1 компаниски префикс посетете
не на: http://gs1mk.org/GetABarcode/ProceduralniCekori/
GS1 стандардите овозможуваат брзо одговор и повлекување на храна која е штетна за
човековото здравје
Синџирот на снабдување кој го користат операторите со храна е комплексен, динамичен
и насочен кон исполнување на барањата на потрошувачите. Со помош на GS1 стандардите
целиот овој процес станува поедноставен. GS1 им овозможува на учесниците во овој
синџир да зборуваат на ист јазик и да споделуваат доверливи информации кои го подигаат
нивото на комуникација меѓу трговските партнери, а најголем бенефит од тоа на крај
имаат потрошувачите.
GS1 стандардите во акција: оператори со храна