Следењето на продукти низ синџирот на снабдување во здравството ги елиминира
фалсификат медикаментите и уреди и со тоа ја зголемува безбедноста на пациентите
и ги исполнува барањата на регулаторите.
Што е следливост:
Следливоста во здравството овозможува следење на медикаментите или медицински уреди
низ синџирот на снабдување. Следењето е овозможено и обратно со
цел да се добие увид во историјата на движење на продуктот и локациите каде тој
престојувал се до фабриката која што го произвела. Можно е и преглед на рутата
кој што продуктот треба да ја има во иднина се до точката на медицинска
нега.

Прифаќање и имплементирање на GS1 стандардите
Глобалниот стандард за следливост во здравство (Global Traceability Standard for
Healthcare - GTSH), стандард за процеси кој овозможува рамка во која се опишани
процесите на следливост и се дефинирани минималните барања на компаниите кои сакаат
да обезбедат следливост. Стандардот е технолошки независен – може да се користи
било кој бренд на хардвер или софтвер и не зависи од големината на организацијата
или оперативна софистицираност.
Интегритет на синџирот на снабдување во здравството
EPCIS e GS1 стандард кој им овозможува на трговските партнери да споделуваат информации
за движењето и локацијата на продуктите и средствата низ синџирот на снабдување
врз основ на четири настани:
- ШТО – средства и/или продукти се опфатени?
- КОГА – овој настан се случил?
- КАДЕ – беше продуктот или средството и каде е сега?
- ЗОШТО – средствата/продуктите се тука, зошто се процесираат?