Употребата на LEI е наложена од страна на Европската регулаторна институција, надлежна
за надзор и усогласеност во работењето со хартиите од вредност и финансиските пазари
(ESMA-European Securities and Markets Authority), со цел да се врши известување
за трансакциите поврзани со тргувањето со деривативи до овластените депозитари на
деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер, согласно Европската регулатива
за пазарна инфраструктура (European Market Infrastructure Regulation-EMIR), надлежна
за супервизија на тргувањето со финансиски деривативи кое не се одвива на официјален
пазар.
Според регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот,
операторите се обврзани да обезбедат LEI код за секој издавач на хартии од вредност
кои се предмет на тргување. Брокерските куќи ќе бидат обврзани да обезбедат LEI
код за своите клиенти кои ги исполнуваат условите за LEI и чии хартии од вредност
се предмет на тргување, во спротивно ваквите трговски трансакции нема да бидат спроведени.