GS1
Книги: ISBN, GTIN-13 и GTIN-12 скенирани на POS
Кога се идентификуваат книги или други публикации, компанијата која ги издава може
за нивна идентификација да користи GTIN број како и при идентификација на било кој
продукт за широка употреба. Сепак, препорака е да се користи ISBN бројниот систем.
GS1 префиксите 978 и 979(*) се доделени на ISBN (http://www.isbn-international.org/), која е задолжена за
доделување на овие броеви за книги на издавачите. Во секоја држава постои тело кое
ги издава овие ISBN броеви.
Забелешка: ISBN броевите не смее да се користат за продукти кои не се книги
дури и во случај кога тие продукти се поврзани со книгата (пример, мечиња, шолји,
маици...продукти кои се поврзани со промоција на дадена книга). Овие продукти кои
не се книги се кодираат на ист начин како и секој продукт наменет за широка потрошувачка.
Секоја логистичка единица составена од повеќе исти книги се идентификува со сопствен
GTIN број.
Периодични изданиа: ISSN, GTIN-13 и GTIN-12 скенирани на POS
Прва и препорачана опција е користење на ISSN системот. GS1 префиксот 977 е доделен
за кодирање на ISSN бројот кој е доделен на дадена периодична публикација.
Втора опција е идентификацијата на периодичните изданија да се прави како и секој
друг производ за широка потрошувачка со користење на GTIN-13 или GTIN-12.
Форматирање на ISSN податочната низа:
GS1 префикс
|
ISSN без контролна цифра
|
Варијанта
|
Контролна цифра
|
977
|
N4,N5,N6,N7,N8,N9,N10
|
N11,N12
|
N13
|
Цифрите за варијанта N11 и N12 може да се користат за означување на варијанта на
истиот наслов со различна цена или за идентификација на истото издание издадено
ден подоцна во иста недела. Вредноста на овие цифри за првото издание е 00.
ISBN
Што е ISBN
ISBN систем (International Standard Book Number) е Меѓународен систем за идентификација
на секоја пооделна книга (монографска публикација) со помош на бројки.
ISBN е единствен и незаменлив број кој се однесува само за еден наслов, односно
за неизменето издание на еден ист наслов од ист издавач.
ISBN се доделува на публикациите под контрола на Меѓународната Агенција за ISBN
во Лондон.
Какви податоци содржи ISBN
ISBN е составен од префиксот "ISBN" и број од тринаесет цифри, распоредени во пет
целини/групи, кои се меѓусебно разделени со цртичка или проред, според следниот
редослед:
- Првата група на цифри претставува префиксниот елемент 978 кој e доделен од GS1;
- Втората група на цифри ја означуваат националната, географската или јазичната целина;
- Третата група на цифри се однесува на издавачот во рамките на првата целина;
- Четвртата група на цифри е идентификационен број на конкретниот наслов на публикацијата
што ја издава еден одреден издавач;
- Петата група е еднозначен контролен број.
Пример: Книгата "Linear and Nonlinear Models" што е објавена од Walter de Gruyter
во Берлин ја има следнава ознака:
ISBN 978-3-11-016216-5
978 - префикс на ISBN
3 - меѓународен број за германско јазично подрачје
11 - ознака за издавачот (издавачки код/идентофикатор)
016216 - ознака за насловот
5 - контролен број
Означувањето на секоја книга си ISBN, која се вклучува во Меѓународната автоматизирана
база, овозможува да се утврди:
- државата или јазичната целина во рамките на која е објавена книгата
- назив на издавачот на публикацијата
- насловот на публикацијата, свеската и изданието
- Должината на ISBN ознаката за издавачот (издавачки код/идентофикатор) се пределува
според обемот на неговата издавачка продукција: издавачи со поголема продукција
добиваат покуса издавачка ознака/код, а оние со помала издавачка продукција добиваат
подолга издавачка ознака/код.
Кој доделува ISBN во Република Македонија
Агенцијата за ISBN на Република Македонија, која доделува во рамките на Националната
и униварзитетска библиотека „Св. Климент Охродски“ во Скопје, ги доделува ISBN ознаките
за издавачите во нашата земја.
Кои публикации добиваат ISBN
ISBN по правило добиваат:
- печатени книги и брошури
- публикации на Brailleово писмо
- публикации кои од страна на издавачот не се одредени редовно да се ажурираат или
бескрајно продолжуваат
- атласи и карти
- образовни/инструктивни филмови, видеа и објави
- аудио книги на касети, CD, DVD
- електронски публикации во цврста форма (машински читливи ленти, CD-ROM) или на Интернет
- микроформни публикации
- едукативно-инструктивни софтвери
- мултимедијални публикации (основа е текст)
ISBN по правило не добиваат:
- весници и списанија
- музикалии
- сепарати од списанија
- графички листови и графички мапи без насловна страница и текст
- рекламни материјали (каталози за продажба, каталози на книги и уметнички каталози
без библиографска вредност, производни програми, ценовници, проспекти, упатства
за употреба, технички упатства, покани)
- плакати, ѕидни весници и летоци
- театарски, концертни и други програми за приредби
- каталози за изложби без подолг текст
- наставни програми и школски планови за работа и планови на други образовни институции,
извештаи и други школски материјали во облик на ракопис или печатени
- разни видови џепни календари, роковници
- обрасци, формулари, уписни листови
- музички касети и плочи и сл.
ISSN
Штo e ISSN?
ISSN (International Standard Serial Number)-Меѓународен стандарден број за сериски
и тековни публикации кој овозможува идентификација и контрола на сите извори во
континуитет издадени на национално и интернационално ниво.
Што е сериска/периодична публикација?
Публикација на било кој медиум, издадена непрекинато во делови, кои имаат бројчани
или хронолошки ознаки, со цел да бидат објавувани неопределено, во континуитет.
Кога се доделува ISSN?
- на нов наслов (кога првпат се регистрира сериската публикација)
- на променет наслов
Што условува промена на ISSN?
Основа на ISSN системот е „делување во пар“ или единство на двата елемента клучен
наслов и ISSN . Промената на првиот е услов за промена на вториот елемент.
Кога ISSN не се менува?
- ако има промена на називот на издавачот
- ако е сменето местото на издавање
- ако има промена на фреквенцијата на издавање
- ако има промена на издавачката политика
- ISSN на различни медиуми
Изданијата на еден ист наслов без разлика дали се печатени или се достапни на друг
вид медиуми (CD-ROM, онлајн, магнетни медиуми, микроформи...) добиваат сопствен
ISSN
Пример:
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (print) ISSN 1857-5552
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (on-line) ISSN 1857- 5625
www.mjcce.org.mk
Каде се означува ISSN?
- За печатени изданија:
- на надворешната страна на корицата, првенствено во горниот десен агол, секогаш придружен
со ознака ISSN
- во било кој дел од страничните рабови на корицата
- на страницата каде е податокот за copyright, или покрај податоците за издавачот,периодичноста..(импресумот)
- За електронски изданија :
- на внатрешниот извор, каде што е заштитниот наслов, на хомпејџот
- на надворешните извори, каде што се натписите (омотите) на CD-ROM и касетите
Што е ISSN Регистер?
Секој доделен ISSN на сериска публикација се регистрира во Меѓународната база на
податоци: ISSN Register.
Базата претставува најкомпететнтен и широко достапен извор на информации за идентификација
на сериските публикации од цел свет
Која е структурата на ISSN записот?
- Носечки елементи (ISSN, клучен наслов, скратен наслов)
- Дополнителни елементи (периодичност, јазик, други форми на наслов, место на издавање,
УДК, издавач..)
- Линкови за поврзување (претходен/и наслови, изданија на други јазици, изданија на
други медиуми)
На кој начин е достапна базата?
ISSN Register базата се ажурира и објавува од страна на Меѓународниот ISSN Центар
од Париз и е достапна на два медиуми:
Што е ISSN мрежа?
ISSN мрежата ја сочинуваат nационалните центри од целиот свет и Меѓународниот ISSN
центар во Париз кој ја координира работата на националните центри.
Што е функцијата на Националниот ISSN центар?
- Формира своја локална база на податоци за сериски публикации од својата земја
- Преку задолжителниот примерок ги открива и контролира сите наслови на сериски публикации
во својата земја
- Доделува ISSN и врши обработка и контрола на сериски публикации
- Доставува информации за нив до меѓународниот ISSN Центар и другите национални центри
на нивно барање
- Контактира со издавачите на локално ниво со цел унапредување и развоја на ISSN системот
- Одговорен е за успешно и континуирано делување на ISSN системот за својата земја
во рамките на ISSN мрежата
Што е функцијата на Меѓународниот ISSN центар?
- Одговорен е да ја координира работата на националните ISSN центри
- Ја одржува ISSN Register базата на податоци и се грижи за издавачките продукти
- Доделува ISSN за сериски публикации од меѓународен карактер
ISMN
Што е ISMN
ISMN (International Standard Music Number) е меѓународен стандарден број за музика
кој се користи за идентификација на печатени музикалии (партитури, штимови или елементи
во мулти-медијален комплет).
Кој доделува ISМN во Република Македонија
Агенцијата за ISМN на Република Македонија во рамките на Националната и универзитетска
библиотека „Св. Климент Охридски’’во Скопје.
Кои публикации добиваат ISМN
ISMN се доделува на:
- печатени партитури
- џебни (студиски) партитури
- вокални партитури
- сет на штимови
- штимови достапни засебно
- поп фолиа
- антологии
- збирки на композиции
- песнарки (поп, џез, рок, народна музика и др...)
- други медиуми кои се интегрален дел од публикацијата на печатени музикалии (пр.звучен
запис кој е еден од „штимовите’’ на композицијата)
- текстови на песни или стихови објавени заедно со печатените музикалии
- коментари објавени заедно со печатените музикалии (достапни исто така одвоено)
- микро-форми на музички публикации
- музички публикации со брајово писмо
- електронски публикации
ISМN не се доделува на:
- книги за музика - освен оние што содржат нотни примери
- звучни или видео записи (вклучувајќи записи достапни на компјутерски медиум)
- сериски публикации
Упатства за доделување на ISМN
ISМN се доделува на првото издание на секои печатени музикалии, на секое наредно
издание на истата публикација, доколку има измени. Нов ISМN број не се доделува
на ново неизменето издание, односно препечатено во ист формат од истиот издавач.
ISМN доделен еднаш на еден наслов не смее да се користи за друг наслов.
Печатење на ISMN на музичката публикација
ISMN мора да биде отпечатен на видно место во публикацијата, на задната страна на
партитурата или штимот. По можност ISMN се печати со податокот за авторско право.
Доколку публикацијата се издава електронски ISMN мора да се појави на страната на
екранот која го прикажува насловот или неговиот еквивалент.
За повеќе информации за GS1 системот и/или негова импалментаицја во Вашата организација
контактирајте не.