Во декември 2011 година GS1 Македонија имајќи ги во предвид карактеристиките на GS1 DataBar-от, претставник од новата генерација баркодови отпочна кампања за негова промоција која траеше и во текот на цела 2012 година. За таа цел беа одржани повеќе работилници, како и лични посети на членките-компании од месната и млечната индустрија, а GS1 DataBar-от беше промовиран и кај големите синџири маркети. Како резултат на спроведените активности, GS1 DataBar-от со своите бенефити наиде на добар прием кај членките.
Во март 2013 беше дефиниран Пилот проект со наслов “Со DataBar обезбедена следливост на производите до само наплатно место” на чија реализација се работеше цела 2013 година. Целта на Пилот проектот е да се покаже дека GS1 идентификационите клучеви, во случајов GS1 DataBar бар кодовите, се одличен механизам за спроведување на следливост низ дистрибутивниот систем до само наплатно место. Со тоа се обезбедува и олеснува следењето и контролата на залихите кај сите учесници во дистрибутивниот синџир по лот и по датум употребливо до, а сето ова овозможува лесно и брзо повлекување на производ од пазарот со “погрешен лот” или “изминат рок на важност” и заштита на потрошувачот.
Освен основниот GTIN (ЕАН-13) кој што во целиот свет се користи во дистрибутивниот синџир за идентификација на единичен производ, GS1 DataBar-от во себе може да содржи и дополнителни информации за нето тежина, датум употребливо до и лот, односно информации кои ја обезбедуваат следливоста и безбедноста на храната. По формат е мал, компактен и штеди простор. Mоже да биде двореден и е помал од EAН-13, а воедно во себе содржи многу повеќе информации. Производите означени со GS1 DataBar-от се комплетно подготвени да се најдат и на европскиот и на светскиот пазар.
Во Пилот проектот за GS1 DataBar-от се вклучени две познати месни индустрии ИМП Солета ДООЕЛ Скопје и Промес ДОО Скопје, како и две познати млечни индустрии Млекара АД Битола и Идеал Шипка ДООЕЛ Битола. Тргнувајќи од најголемиот бенефит од користењето на GS1 DataBar-от - тоа што тој во себе содржи
повеќе информации за производот сместени на помал простор и
обезбедува следливост на производите до само наплатно место, во Пилот проектот е вклучен и големиот синџир маркети Веропулос ДООЕЛ Скопје, кај кој ќе се спроведе финалното тестирањето на самиот Пилот проект.
Во Пилот проектот се вклучени и две ИТ куќи, исто така членки на GS1 Македонија, Сигма-СБ ДООЕЛ која стои со софтверските решенија во ИМП Солета ДООЕЛ и Промес ДОО, како и ИТ куќата Ултранет Ултра ДООЕЛ одговорна за софтверската имплементацијата на овој проект во синџирот маркети Веропулос ДООЕЛ.
|