Славчо Бујароски,
Генерален директор
Славчо Бујароски
Генерален директор “Сигма-СБ водејќи се од својата визија да обезбеди целосни интегрирани системи за управување во компаниите и одговарајќи на предизвикот да се биде дел од светските трендови кои обезбедуваат стан-дардизација и одговор на се
повисоките стандарди кои се наметнуваат во работењето на компаниите, а особено во делот на следливост и безбедност на храната, ја препозна иницијативата на GS1 Македонија за имплементација на тие стандарди кај македонските компании и зеде активно учество во поддршката и нивната промоција.
Пилот проектот имплементација на GS1 DataBar-oт како основа за безбедност и следливост, наметна Сигма-СБ во сопст-вената развојна програма да ги следи и имплементира GS1 стандардите и ги вметне во сите свои софтверски решенија, што беше барање и од нашите клиенти.
Затоа во нашите интегрирани решенија покрај отчитувањето на GS1 симбологијата, вградивме функционал-ност за изработка на етикети по GS1 стандарди во сите нивоа на хиерархијата на пакување од единечен производ, преку транспортна кутија до палета. GS1 стандардите ги искористивме и за означување на картички за купувачи за loyalty системи во малопродажба, купони и како новитет RFID тагови за интерна следливост во процесот на преработка на месо и млеко.
Со реализацијата на овој Пилот проект ние докажавме дека сме на исто ниво со големите софтверски компании ширум светот. Сепак најважно од се е тоа што го зголемивме задоволството и довербата кај нашите клиенти кои ги уживаат бенефитите кои ги носи GS1 DataBar-от и комплетната GS1 симбологија и системот на стандарди.”
|
Профил на компанијата
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Основана во 1995 година, Сигма – СБ има зад себе докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании.
Главен фокус на работењето на Сигма-СБ се софтверските решенија за финансиско работење, набавки, производство, логистика, продажба, со цел да се зголемат нивните приходи, да се намали времето на реализација, трошоците и губитоците и да се подобри достапноста на нивните услуги и производи.
Главен акцент при креирањето на IT решенијата имаат Enterprise Resource Planning (ERP) системите.
Со високоедуциран кадар, користење на проектен менаџмент пристап во планирањето, управувањето и имплементирањето на софтверските решенија, Сигма-СБ има константен раст и развој, а нејзините софтверски решенија ги користат голем број компании во Р. Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска.
Во иднина Сигма-СБ ќе продолжи да го проширува знаењето и вештините и ќе нуди услуги кои го надминуваат традиционалниот начин на размислување во областа на компанискиот менаџмент, а нивните софтверски решенија ќе имаат загарантиран висок квалитет.
|