Ивана Илиоска,
Директор за производство
и логистика
“Во 2012 година во нашата компанија започнавме процес на импле-ментација на нов информационен систем во кој го интегриравме и воведениот HACCP систем. Со нашето активно учество на работилниците, што ги организираше GS1 Mакедонија во 2011 и 2012 година се стекнавме со нови знаења и за GS1 стандардите во вистински момент. Имајќи ги во предвид карактеристиките на GS1 DataBar-от решивме да го имплементираме во нашиот информационен систем со што сме сигурни дека сме направиле уште еден чекор напред за нашата компанија од аспект на подобрена следливост и внатрешна контрола.
Автоматизацијата на етикетирањето на производите со GS1 DataBar-от во процесот на мерење и пакување ги елиминира можните грешки. На овој начин се добива на брзина, точност, како и беспрекорна следливост на залихи и контрола на кало, што е од исклучително значење за нашиот севкупен систем на работење.”
|
Профил на компанијата
Индустријата за месни преработки “Солета” ДООЕЛ Скопје има долгогодишна традиција на производство на квалитетни македонски месни производи. Започнува со работа на 19 декември 1996 година и со напорна работа и големи амбиции успева да создаде цела палета на бренд производи, сертифицирани со HACCP сертификат, кои се застапени во нивните малопродажни објекти (дисконти), како и во сите поголеми и помали маркети на територијата на Р. Македонија, како и надвор од границите на нашата држава.
ИМП “Солета” ДООЕЛ Скопје има организирано производство на површина од 2400 m2, опремено според највисоките технолошки стандарди од областа на месопреработка. Производствениот погон е опремен со модерно дизајнирани машини со електронска контрола и управување.
Асортиманот на Солета ДООЕЛ Скопје го сочинуваат 70-тина производи, кој што континуирано се зголемува со нови производи, при што се задоволуваат основните производствени критериуми и стандарди.
Следејќи ги европските и светските трендови, со повеќегодишно искуство Солета успеа да создаде производи со препознатлив вкус и врвен квалитет, а за што потврда е и знакот за квалитет (производи со најдобар вкус и најдобро пакување) - “Со гордост од Македонија”, со кој биле наградени две години по ред.
|